Летот од Њујорк до Хјустон во Тексас денес е речиси еден час подолг отколку што траел во 1973 година. Тогаш траел 2 часа и 37 минути, а денес за истата рута се потребни 3 часа и 50 минути.
За ваквата – за „обичниот народ“ неочекувана промена, особено што денес авионите се помодерни и пософистицирани, има неколку фактори.
Првата е тоа што има повеќе гужва и на небото и на аеродромите, неспоредлива со таа од пред неколку децении, кога бројот на летови беше значително помал. Тоа не би требало да влијае на должината на летот, нели, но цаката е тоа што времето на лет се смета од моментот кога авионот ќе ги откочи паркинг кочниците ‘on push back’, до моментот кога кочницата се активира на дестинациската порта (гејт). Тоа значи дека тука се брои и времето на чекање на авионот на пистата во редот за полетување, како и времето потребно за приближување до гејтот.
Пред да се почувствувате измамени од ваквото глупо „објаснување“, да преминеме на другата главна причина што денешните летови траат подолго – парите. Business Insider открива дека авиокомпаниите можат да заштедат и по милиони долари ако нивните авиони летаат побавно.
„Од 2002 до 2012-та, цената на горивото порасна од 70 центи – на преку 3 долари по галон“, пишува весникот. Притоа наведува и неколку примери, меѓу кои и тој за американската авиокомпанија Џет Блу. Така, во 2008-та, Џет Блу заштедила 13.6 милиони долари, а го продолжила времето на летот за само две минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.