За два дена, изминатиот викенд во театар Комедија се продале 953 билети, соопштија од Театар Комедија.
– Театар Комедија, следејќи ги светските трендови, изминатиот викенд се приклучи кон акцијата „Црн петок“ и во две дена на билетарницата на театарот беа продадени 953 билети и со тоа сите претстави на репертоарот на Театар Комедија од оваа недела се распродадени – велат од Комедија.
Во прилог се наоѓа репертоарот за месец декември
| 04.12 недела | ПРИКАЗНИТЕ НА ЗАБОРАВЕНИТЕ ПРЕДЦИ – НАРОДЕН ТЕАТАР СЛОЈШТИЦА |
| 06.12 вторник | ИМЕ |
| 07.12 среда | Гостување на претставата Лажговци во неволја од Сатиричен театар Софија |
| 12.12 понеделник | СТЈУАРДЕСИ |
| 13.12 вторник | МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО |
| 14.12 среда | СЛУЧАЈОТ ХАРМС |
| 16.12 петок | ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ |
| 24.12 сабота | ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ |
| 26.12 понеделник | ИМЕ |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


