| четврток, 6 декември 2018 |

Момче избодено во стомак поради расправија во сообраќајот

policija

Дваесет и шест годишниот Т.У. од Скопје минатата ноќ  бил донесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди во пределот во стомакот.

Од полицијата денес информираат дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ две непознати лица, кои биле со „БМВ“, извршиле физички напад и со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на стомакот на момчето, а како причина се наведува расправија во сообраќајот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top