Носителот на листата на кандидати за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во третата Изборна единица, Илија Димовски денеска во Штип оствари средби со граѓаните и им ја престави програмата за наредните четири години.
Димовски истакна дека за ВМРО ДПМНЕ Општина Штип е регионален центар на источниот регион, а токму проектите кои се во Програмата која што тие ја нудат за граѓаните ќе значат и прераснување на Штип во вистински голем центар.
-Ќе се заврши изградбата на автопатот од Скопје до Штип, со што за 40 километри ќе го доближи Штип до Скопје и Скопје до Штип. Многу скоро ќе започне и изградбата на експресните патишта од Штип до Кочани и од Штип до Радовиш, заради тоа што се завршени документациите околу изградбата на експресните патишта. Ќе продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, која што од здравствен аспект на Штип ќе му даде регионален карактер. Но и ќе се набавата и преку 250 нови медицински апарати за регионалната болница – рече Димовски.
Тој истакна дека новата Клиничка болница во Штип ќе служи не само на граѓаните од овој град туку и на целиот источен регион, со што повеќе нема да патуваат за Скопје да барат здравствени услуги во Клиничките центри во Скопје.
-Гасоводот до Штип веќе е изграден. Владата ги тера постапките за изградба на секундарна мрежа, можеме да бидеме сигурни дека и Штип ќе биде и првиот град во Мкаедонија кој што ќе добие секундарна гасоводна мрежа за своите жители и за своите фирми и фабрики- рече Димовски.
Додаде дека ќе продолжат и со поддршката на универзитетот „Гоце Делчев“Штип на кој што студираат околу 15.000 студенти, а исто така ќе продолжат и со пронаоѓање и поддршка на странските компании, кои донесоа нови вработувања не само за Штип, туку и за целиот регион.
-Резултати кои што ги имаме во Штип се за пример за цела Македонија. Денеска во Штип во споредба со времето на СДСМ одат на работа точно 4.437 луѓе повеќе. Со тоа темпо кое досега сме го постигнале и со работата која што ја планираме да ја постигнеме во следниот период веројатно Штип ќе биде еден од првите градови каде што процентот на невработеноста ќе го сведеме на административен процент- рече Димовски. Тој забележа дека на Штип му се дава поддршка за развој само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт