| четврток, 6 декември 2018 |

„Здраво млади“ вечерва во МКЦ

На платото пред Младинскиот кулутрен центар вечерва со настапот на „Бичис“  почнува третото издание на фестивалот за нова музика „Здраво, млади“. Kонцертите ќе се одвиваат на две сцени, а се најавени се 13 музички изведувачи и три визуелни артисти. На првата сцена ќе свират изведувачите: „Ти“, „Гирлс нејмс“, „Д Џон“, Чајнавоман, „ФМ Блефаст“ и „Грин аут“.

Внатрешноста на МKЦ е резервирана за Kонрад Kученмајстер, Ултериор, Гејмовер, диџеите Рашад и Спин и „Kантон 6“. Инди и поп-музичарката Мишел Гуревич, која ќе се појави на сцената во 22. 30 часот, настапува под уметничкото име Чајнавоман, претходно настапи на Балканот со два концерта во Kултурниот центар „Град“ во Белград. Мишел ја почнала својата кариера пред шест години само за да се тестира дали ќе успее да напише еден добар текст. Со поддршката од пријателите успеала да се пробие како еден од најкарактеристичните женски вокали и текстописец на денешнината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top