Главниот град на Македонија, Скопје во скора иднина ќе добие три подземни сообраќајници, но низ неговите улици ќе сообраќаат и 50 електрични автобуси, што ќе значи почиста околина и воздух. Ова на големиот митинг во Скопје го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
– За Скопје, предвидуваме изградба на три подземни сообраќајници и тоа: Првата од раскрсницата кај Народна банка до Владата, втората е крстосница на две нивоа кај ТЦ Мавровка и Судска палата и третата е подземна сообраќајница кај Јужен булевар. Инвестицијата е околу 100 милиони евра, 90 отсто од финансирањето ќе биде од државата, а 10 отсто од градот Скопје, воедно ќе набавиме 50 електрични автобуси – најави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.