МЕПСО ќе вложи 130 милиони евра во модернизација и во зголемување на капацитетот на националната електропреносната мрежа преку проектите предвидени во среднорочниот инвестициски план. Помеѓу најзначајните прокети се: изградбата на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид, изградба на неколку нови 110 kV далекуводи кои ќе заменат постоечки водови кои се во функција повеќе од 50 години, модернизација на примарна и секундарна високонапонска опрема низ повеќе трансформаторски станици и автоматизација на нивното управување, потенцираше Ненад Јовановски, генералениот директор на МЕПСО во интервју за реномираниот регионален информативен сервис „Енергетика.НЕТ“
Во интервјуто Јовановски зборува и за превземените мерки и активности за либерализација на пазарот на електрична енергија и можноста во почетокот на идната година да биде избран моделот за основање на организиран пазар за тргување со електрична енергија ден однапред или популарно наречена берза за електрична енергија.
Во делот на мерки за олеснување на регионалната трговија со електрична енергија со цел намалување на трошоците на учесниците на регионалниот пазар на електрична енергија Јовановски објаснува дека МЕПСО преку пристапувањето во SEE CAO регионалната компанија за аукции на прекугранични преносни капацитети ги исполни своите обвски произлезени од Energy Community Treaty и регулативата 714/2009
– SEE CAO е создадена со цел од еден центар, во име на 8 компании систем-оператори во регионот, да организира аукции за закуп на капацитети со што ќе се олесни регионалната трговија на електрична енергија, а се очекува и намалување на трошоците на учесниците на регионалниот пазар на електрична енергија. Првата македонска граница на која SEE CAO ќе започне да организира аукции е македонско-грчката граница и првата аукција ќе биде доделување на годишен капацитет за 2017 година, а аукцијата е закажана 22 ноември 2016 година. SEE CAO ќе спроведува годишни, месечни и дневни акции на расположливи преносни капацитети на македонско-грчката граница.
За новитетите на пазарот за балансна енергија Јовановски наведува дека од 1 јули 2017 годинаМЕПСО ќе може да обезбеди балансни услуги од сите учесници кои можат да ја пружат таа услуга на национално ниво, а во перспектива и на регионално ниво. Дополнително се овозможува засебно дефинирање на цена за закуп на системски услуги и цена за испорачана електрична енергија од системски услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.