| четврток, 6 декември 2018 |

Бостонскиот терорист оставил порака во чамецот непосредно пред да биде уапсен

Бостонскиот терорист Џокар Царнаев непосредно пред да биде уапсен, криејќи се во чамецот напишал порака во која го опишал нападот како одмазда за американските војни во муслиманските земји.

Пораката вели дека нападот е одмазда на американските злосторства над муслиманите во Ирак и Авагнистан, а жртвите од бостонскиот напад се „колатерана штета“ на ист начин како што невините жртви биле колатерална штета во американските војни, пренесуваат американските медиуми.

Царнаев ги напишал овие зборови со пенкало на внатрешноста на чамецот каде што го уапси полицијата.

Во пораката исто така пишувало „Кога ќе нападнете еден муслиман, сте ги нападнале сите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top