Сакам да ви потенцирам на сите вас граѓани на Македонија, има не 101 туку повеќе од 1001 причина зошто да не гласате за опозицијата, но ние не ве труеме со таква негативна кампања, нивната омраза и деструкција говори за нив, ние ви даваме над 500 страници полни со причини во нашата програма зошто да гласате за нас… Ние нудиме огромен број на реални проекти и мерки, им порача Груевски на 80.000-те Македонци кои дојдоа во Скопје од цела Македонија да ѝ ја дадат искрената поддршка на државничката политика на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
–Ќе креираме околу 70.000 нови работни места, а невработеноста ќе се сведе некаде помеѓу 17 и 18 проценти. Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто до 2020 г., и за 10,25% ќе ги зголемиме пензиите за тој период. Ќе ја зголемиме и социјалната помош за нови 50 отсто до 2020 година. Ќе направиме постепено реално зголемување на минималната плата, и таа ќе достигне 14.000 денари до 2020 година, а во текстилната и кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари.
Груевски им порача на претприемачите, бизнисмените, приватниот сектор, кои се клучен партнњр во намалувањето на невработеноста, дека за бизнисот ќе биде обезбедена кредитна линија од ЕИБ со која ќе се изврши репласирање на над 100 милиони евра со особено ниска и фиксна каматна стапка.
Ќе отвориме 140 детски градинки. Ќе изградиме 18 нови училишта и ќе реконструираме повеќе од 140 училишни објекти.
Во делот на модернизација на здравството, во следните четири години ќе набавиме над 3.700 најсовремени медицински апарати и медицинска опрема во вредност од 33 милиони евра, рече тој.
Ќе го реализираме проектот „Рестартирање на стопанските капацитети – Жртви на транзицијата“, со пакетот мерки за инвеститорите кои ќе се стекнат со сопственост предвидуваме директна државна финасиска поддршка, грантови за набавка на машини и адаптација на просторот, даночни ослободувања и низа други поволности.
Ќе го реализираме и проектот „Од град во село за нов почеток“ при што корисниците ќе добијат финансиска помош за градба или купување на куќа, месечни примања во период од 18 месеци, земјиште на располагање или добиток со пасиште и други поволности.
Ќе го спроведеме прокетот „Купи куќа за над 36 години“, а ќе го доспроведеме прокетот „Купи куќа за млади“.
Предвидуваме доизградба на започнатите три автопати, како и почеток со изградба на три нови автопати со 6 ленти и тоа од Скопје до Блаце, од Гостивар до Кичево, и од Требеништа до Струга. Предвидуваме изградба на 6 нови експресни патишта со 4 ленти и тоа Ранковце-Крива Паланка, Градско-Прилеп, Штип-Кочани, Штип-Радовиш, Битола-Жабрни-Меџитлија и Охрид-Пештани. Предвидуваме изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта во вкупна вредност од над 140 милиони евра. Дополнително за изградба и реконструкција на локални патишта предвидуваме нови 30 милиони евра.
Предвидуваме набавка на 3 нови дизел моторни возови, 2 нови електромоторни возови и 3 нови електрични локомотиви за Македонските железници за што ќе инвестираме 30 милиони евра.
Ќе го реализираме и проектот „Рурални развојни зони“, во населени места кои се на листата на рурални подрачја, наведени во нашата програма, над 1650 села и градови под 10 илјади жители, каде инвеститорите ќе имаат услови слични но и подобри од оние во слободните економски зони за правење на бизнис.
Ќе овозможиме нови над 600 милиони евра за субвенции за македонските земјоделци и за руралниот развој. 80 осто поддршка од државата за вградување на системи капка по капка и ископ на бунари и набавка на високо приносен добиток, исто така од 80%. Ќе ја зголемиме и поддршката од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација, опрема и подигање насади. Ќе воведеме и проект за професионални земјоделски советници кои ќе бидат на располагање на македонските земјоделци за унапредување на земјоделското производство. Ќе изградиме и агро пазар, еден вид современа земјоделска берза по терк на амстердамската, потсети Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски