Во своето обраќање на централниот митинг на Коалицијата за подобра Македонија, кој се оджа вечерва пред Портата Македонија во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати на пензионерите, на младите, на неопределените, но и на политичките соперници за кои верува дека се патриоти и нема да гласаат против државноста и унитарноста на Македонија и за зачуввувачње на унитарноста на Македонија.
Сакам да се обратам до пензионерите, со нас имате извесност и сигурност. Со нас знаете на што сте. Пензиите ќе се зголемуваат и ќе се грижиме за вас преку различни мерки, проекти ќе ви овозможуваме да уживате во староста и пензионерските денови и во заслугите кои ги имате за нашата земја.
Груевски, ги повика младите заеднички да работиме на иднината на нашата татковина.
Со вас ќе дискутираме за предизвиците и ќе ги решаваме проблемите, и заеднички ќе изнаоѓаме решенија. Вие сте нашата иднина, и вие ќе учествувате во нашите одлуки. Вам ви треба перспектива, можности, нови работни места, подобар стандард, опозицијата тоа не може да го обезбеди, знаете и самите, како што знаете дека ние можеме….Ако сте толку млади, и пред 10 години сте биле во години кога не сте следеле политика, тогаш кога СДСМ беше на власт, прашајте ги Вашите родители, роднини, дедо, баба, повозрасни пријатели….што СДСМ направи за нив кога тие беа на власт, кога мнозинството народ им веруваше и им даваше доверба, кога ветуваа по еден вработен од семејство, кога пропаѓаа опљачкани штедилници, кога се затвараа фабрики или партиските олигарси ги приватизираа, па масовно отпуштаа од работа, распрашајте се да знаете со кого си имате работа, со какви волци, во овча кожа. Прашајте ги колку нови фабрики се отворија, барем една да ви кажат од тоа време, но и колку се затворија. Прашајте ги и за слободата и демократијата, а прашајте ги и што направија за младите, за вработување, за поевтини студирања, за либерализација на визниот режим, дали една спортска сала или училиште се изгради, а посебно прашајте ги за корупцијата и криминалот во тоа време кога СДСМ беше на власт, а вие се уште млади за да следите политика.
Јас ве повикувам, ајде заедно да работиме на подобрување на иднината на сите вас и за иднината на граѓаните во Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски