Дојде време за крај на кризата, овие избори на 11 декември се тој крај. Колку некој и да сака да мислиме поинаку, со огромно мнозинство кое ќе застане зад нашата коалиција, кризата ќе се сведе кон својот крај и сите ние заедно ќе ја претвориме во можност, нагласи лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Груевски, на вечерашниот централен митинг пред Собранието на РМ во Скопје.
Тој повика сите, заедно, сложно и обединето да ја претворат оваа криза во можност, зашто оваа коалиција која прерасна во големо движење се спротиставува на се она што се случуваше во нашата земја и сака напредок!
–Вложени се милиони евра во ова сценарио и кампања на опозицијата. Тие што вложувале во ова, не ѝ мислат добро на државата и на вас, и вие го знаете тоа! Тие кои ја водат кампањата со опозицијата се истите тие кои се одговорни за кризата во државата, што се одговорни за тоа зошто нашата држава тапка во место евроатланските интеграции, и кои имаат лоши планови за нашата држава. Тука е и опозицијата која е алатка во ова сценарио и чие работење вие е познато многу добро. Ја знаете опозицијата, ги познавате и Заев и Шекеринска, нивното богатење и криминално работење се реалноста која ја оптеретува Македонија, нивната ароганција, снобизам и потценување кон нашиот народ се нешто што некој го искористи за да проба да не закрви, додека ние молчевме и трпеливо го чекавме денот кога ќе се соочиме на избори, кога народот ќе си ја одбрани државата свесни дека народот е главниот столб на оваа држава и тој ќе го отплетка јазолот на оваа криза. Играње со теми како двојазичност на целата територија и кантонизација, и нудење работи кои некој не ни сонувал дека може да ги добие ниту преку војна, коцкање на нашите надворешно политички позиции преку кодошење на нашата држава секаде во странство, криминали на локално и државно ниво, неработење и покрај тоа што се по 20 години во политиката, лажни ветувања и потценување на народот се работи кои тие ги носат со себе.
Говорат за слобода на медиуми, а корумпираат купуваат и притискаат медиуми, говорат за корупција, а не можат да се одглават од тендери и перење општински пари по принципот едно ваму едно таму. Тоа е истата гарнитура која уништуваше фабрики кои ние сега со проектот „Рестартирање на компаниите-жртви на транзицијата“ се подготвуваме да ги обновиме, рече Груевски пред 80.000 граѓани кои дојдоа од цела македонија за да ѝ дадат поддршка на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
–Бркаа инвеститори за да ги заштитат нивните олигарси, а работни места да се отворат беше мисловна именка во нивно време. Тоа се истите тие луѓе кои ја уништија средната класа, се збогатија лично, и тврдеа дека некои прашања не заслужуваат одговор. Паралелно направија армија од платени протестирачи и систем кој е марионета и работи за сите освен за сопствениот народ.
Единствените кои можат да им пратат јасна порака на нив и да го запрат нивното дивеење и продлабочување на кризата, сте вие, народот на Македонија, граѓаните на Македонија!
Единствената сила доволно моќна да ја спаси нашата држава сте вие, народот на Македонија!
Единствените доволно храбри да им се спротистават сте вие, граѓаните на Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски