Денеска во Сараево беше претставена Босанска книга на мртвите на која има попис од 95.940 имиња на убиени и исчезнати во војната која беснееше во Босна и Херцеговина во период од 1992 до 1995 година.
Жртвите се идентификувани со име и презиме, со имиња на родителите, датум и место на раѓање, националната припадност, податоци за тоа дали биле цивили или војници, на која војска припаѓале и датумот и местото на несреќата. Сето тоа го има во четири тома. Но, ова не е конечниот број на убиени и исчезнати во војната во БиХ.
Истражувачкиот-документарен центар на собирање на податоците работел десет години.
– Во четвртата книга има околу пет илјади имиња, за кои не можеме да ги утврдиме околностите во кои починале. Оставаме на граѓаните да ги проверат тие имиња и да ни дадат нови податоци за да ги воведеме и нив во статистиката- изјави Мирсад Токаќ, директор на центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.