| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Ќе биде чудно на „Олд трафорд“ без Фергусон

И Жозе Мурињо жали за пензионираниот кормилар на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, и вели дека ќе биде чудно да се гостува на „Олд трафорд“ без легендарниот тренер на клупата на Манчестер јунајтед. Го најавува ли Жозе Мурињо своето враќање во Англија? Медиумите одамна објавија дека ќе се врати во Челси, а Мурињо со изјавите само го потврдува тоа.

– Ќе ми недостига Фергусон. Тешко ќе биде да се гостува на „Олд трафорд“ и да се игра против Манлестер јунајтед без него на клупата на домаќините. Тој е уникатен, а Манчестер е единствен на свој начин. Таму ви нудат прекрасни услови за работа ако сте тренер – вели Мурињо. Во вечно сеќавање, како што самиот изјавува, ќе му биде натпреварот со Манчестер јунајтед како тренер на Порто кога неговиот тим победи во судиското продолжение.

– Достинствено го прифати поразот, влезе кај нас во гардеробата и ме покани на по една чаша вино – вели Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top