Инцидент на аеродромот Никола Тесла во Белград се случил утрово кога таксист се забил во три возила на српското министерствтво за надворешни работи. Неофицијално, во близина на ВИП влезотна аеродромот, такси возило со голема брзина излетало од зад кривината и се забил во последното од трите паркирани возила на делегацијата на шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, по што сите три возила биле оштетени. Според информациите никој не е повреден, а Дачиќ во тој момент не бил во ниедно од возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.