| четврток, 6 декември 2018 |

Нова ера без нафта: Саудиска Арабија прави индустриски град на сред пустина, еве што ќе произведува

Во пустина, далеку од облакодерите и прометните сообраќајници на големите градови, од нафта зависната Саудиска Арабија се обидува да ја изгради својата иднина на два други природни ресурси.
Минералите на фосфат, кои се користат во производство на ѓубриво, и боксит, како главна руда во производство на алуминиум, се во самиот центар на напорите на саудиските власти рударството да го направат столб на дивирзификуваната саудиска економија, наведува France Presse.

Во минатите 8 години, на околу 80 километри северно од градот Џубаила на саудискиот брег на Арапскиот залив, од песокот изникнал индустрискиот град Рас ал Каир.

По вложувањата во вредност од речиси 35 милијарди долари, овој проект наредната недела официјално ќе го инаугурира саудискиот крал Салман, наведува AFP, со оценка дека овој проект е симбол на настојувањето на најголемиот светски извозник на нафта да ја намали зависноста од тој енергенс.

“Градот кој го направивме не постоеше во 2007. година. Немаше апсолутно ништо, освен голем број камили”, изјавил генералниот директор на саудиската рударска компанија “Maden Kalid al Mudaifer” за France Presse.

Саудиска Арабија, како што наведува AFP, се соочила со пад на буџетските приходи, откако цените на нафтата се преполовиле од средината на 2014. година.

Во април, Кралството Саудиска Арабија најавило сеопфатен план на реформи, со име “Визија 2030”, во настојување да ја диверзификува економијата преку промоција на поширок спектар на приватни индустрии и претпријатија.

Владата во Ријад го доживува рударскиот сектор како евентуален трет столб во економијата по нафтениот сектор и петрохемијата, и саа овој сектор да придонесе во БДП со 26 милијарди долари до 2020. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top