| четврток, 6 декември 2018 |

Левица утре во Кавадарци, Кичево и Градскиот парк во Скопје

Неделното претпладне Левица ќе го посвети на јавни презентации на својата програма во Кавадарци, Кичево и Скопје. Презаентацијата во Кавадарци ќе започне во 10 часот, во Кичево во 13 часот, а во Градскиот парк во Скопје во 13 часот. Партијата ги поканува сите граѓани да се запознаат со нејзините кандидати за пратеници од ИЕ1, ИЕ4 и ИЕ5, и да се информираат за нивните предлог-мерки и програмата.

На почетокот на кампањата на Левица носителот на кандидатската листа на партијата Левица во ИЕ 5 Здравко Савески рече дека кампањата ќе биде теренска со директни средби со граѓаните.

– Левица ја почнува борбата за враќање на демократијата и социјалната правда во Македонија. Македонија не е толку сиромашна земја за да има толкава сиромаштија. Нашата кампања ќе биде инвентивна, теренска, креативна бидејќи ние немаме пари за скапи кампањи, а немаме пари затоа што Левица не се продаде на ниту еден газда. Останатите бизнис партии се во рацете на крупниот капитал и од нив народот, обичниот човек не може ништо да очекува, рече Савески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top