Предвидуваме проект наречен „Рурални развојни зони“, во населените места во кои што има под 10 илјади население, што значи речиси сите села во Македонија и помалите градови, во наредните пет години секој кој ќе инвестира во некој индустриски капацитет, во некој земјоделско откупен центар или хотел со најмалку 20 соби и ќе вработи луѓе, ќе добие една несекојдневна можност, да ги има не само истите туку и подобри услови отколку во слободните економски зони, наречени прецизно технолошко индустриски развојни зони, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Кичево.
-Предвидуваме проект наречен „Рурални развојни зони“, во населените места во кои што има под 10 илјади население, што значи речиси сите села во Македонија и помалите градови, во наредните пет години секој кој ќе инвестира во некој индустриски капацитет, во некој земјоделско откупен центар или хотел со најмалку 20 соби и ќе вработи луѓе, ќе добие една несекојдневна можност, да ги има не само истите туку и подобри услови отколку во слободните економски зони, наречени прецизно технолошко индустриски развојни зони. Тоа значи ќе има десет години 100 процентно ослободување од персонален данок на доход, десет години 100 процентно ослободување од данок на добивка, десет години 50 процентно ослободување од плаќање на пензиско и здравствено осигурување на вработените. Понатаму ќе добие финансиски гранд од државата за 10 отсто од вредноста на неговата инвестиција. Без разлика дали ќе изгради фабрика, погон, за опремата во неа ќе добие финансиски град од 10 отсто од неговата инвестиција и не повеќе од 500 илјади евра. За секое ново отворено работно место ќе добие неповратни 2 илјади евра, а ако е стечаец 4 илјади евра, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски