Грчките власти се загрижени дека возможен е нов огромен бран на мигранти од Турција доколку властите во Анкара ги остварат заканите против ЕУ дека ќе ги отворат границите, па потоа со илјадниците бегалци од воените конфликит како и азилантите да бидат на товар на Европа, бидејќи тие токму и таму сакаат да одат.
– Користењето на мигрантите и бегалците за остварување на некои политички цели, претставува акт на аграсија – изјави синоќа грчкиот заменик-министер за одбрана Димитирс Вицас.
Ердоган вчера изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ.
– Слушнете ме. Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на памет – изјави Ердоган во обраќање на Конференција за правата на жените што се одржува во Истанбул.
Мигрантскиот притисок врз Грција доколку се зголеми секако, ефект ќе има и врз нашата земја која исто така ќе мора да продолжи да ги менаџира своите граници и да обезбеди безбеден проток на бегалците кон север, но прашање е дали воопшто Балканската рута во такви услови повторно би била отворена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат