| четврток, 6 декември 2018 |

Се паркирал на погрешно место, му го разнеле поршето со бомба

Луксузното „порше“ кое биле изнајмено е разнесено со бомба, откако по грешка било означено како закана.Овој необичен инцидент се случил во прометниот дел на Париз, во близина на Сенатот.

Возачот на автомобил од марката „Порше Карера“ непрописно го паркирал возилото и тоа била причината поради која возилото било означено како закана. Човекот под псевдоним Оливер признал дека погрешно се паркирал, но планира да бара надомест на штета.

Една година по терористичките напади во Париз, во Франција и понатаму владее вонредна состојба и така ќе остане до јануари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top