| четврток, 6 декември 2018 |

Aнкета на „Брима галуп“: ВМРО-ДПМНЕ многу поблиска до ставовите и личните убедувања на македонските граѓани

Според резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“ 38,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќе се грижи за националните и општите интереси на Република Македонија, а само 17,2 проценти сметаат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е поголем патриот.

chart-01-politicar-patriot

tbl01-chart-01-politicar-patriot

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 11 до 17 ноември 2016, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години. (Првиот дел од анкетата можете да го најдете на овој ЛИНК.)

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците.

Груевски е изборот на граѓаните кога е во прашање премиерска функција. Тие сметаат дека првиот човек на владејачката партија е подобро решение доколку треба да се избира помеѓу него и претседателот на опозициската СДСМ, Заев.

chart-02-politicar-premier

Дури 42,5 проценти се изјасниле дека би го избрале претседателот на владејачката партија. За Заев се одлучиле само 24,1 процент.

tbl02-chart-02-politicar-premier

Македонците категорично ги одбиваат ставовите на Зоран Заев за употребата на албанскиот јазик. 

chart-03-zaev-albanski

Дури 70,6 отсто се изјасниле дека не ги прифаќаат ставовите на првиот човек на СДСМ. Само 17,9 проценти се согласуваат со Заев околу ова прашање.

tbl03-chart-03-zaev-albanski

Граѓаните не веруваат дека опозицијата, доколку ја преземе власта би била подемократична во однос на актуелната власт.

chart-04-opozicija

29,2 проценти се изјасниле дека опозицијата би била подемократична доколку дојде на власт, наспроти 48,4 проценти кои сметаат дека доколку дојде на власт опозицијата нема да биде подемократична од актуелната власт.

tbl04-chart-04-opozicija

СДСМ не е подобра алтернатива од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат поголем дел од македонските гласачи. chart-05-sdsm-dpmne-1

Дури 50,8 отсто веруваат дека актуелната власт е подобра алтернатива, а речиси половина помалку, односно 26,7 отсто се со спротивно мислење.

tbl05-chart-05-sdsm-dpmne-1

Граѓаните не веруваат ни дека СДСМ, доколку дојде на власт ќе работи подобро, односно ќе има подобри мерки и програми од ВМРО-ДПМНЕ.

chart-06-sdsm-dpmne-2

Само 25,2 отсто од испитаниците се изјасниле дека СДСМ би работела подобро, наспроти двојно поголемиот број гласачи, 50,9 проценти, кои сметаат дека опозицијата, доколку дојде на власт, ќе нема подобри мерки и програма од актуелната владејачка партија.

tbl06-chart-06-sdsm-dpmne-2

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се поблиски до ставовите и личните убедувања на граѓаните.

chart-07-partii-stav

На прашањето без разлика дали би гласале или не, која партија е поблиска до вашите ставови и лични убедувања, 37,3 проценти се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 проценти за СДСМ.

tbl07-chart-07-partii-stav

45,5 проценти од македонските гласачи веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избориНа прашањето Според вас, кој би победил на следните избори, македонските испитаници одговориле:

chart-08-partii-izbori

16,6 проценти пак сметаат дека СДСМ би издвојувала победа.

Според македонските гласачи ВМРО-ДПМНЕ генерално има поголема поддршка од граѓаните. 

chart-09-partii-poddrska

53,4 проценти од испитаниците веруваат дека актуелната владејачка партија има поголема поддршка, наспроти 18,5 проценти кои се со мислење дека поддршката од граѓаните и е наклонета на СДСМ.

tbl09-chart-09-partii-poddrska

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е подобра, сметаат поголем дел од граѓаните.

chart-10-partii-programa

Дури 43,7 проценти се изјасниле дека владејачката партија има подобра програма, наспроти двојно помалиот број граѓани, 22,9 проценти, кои сметаат дека СДСМ има подобра програма.

tbl10-chart-10-partii-programa

Анкетата ја репрезентира популацијата според основните демографски карактеристики – пол, возраст, образование, национална припадност, работен статус, место на живеење село – град, регион. Анкетирањето е спроведено со метод анкета лице влице, во домот на анкетираниот. Се анкетира само едно лице во семејство кое е избрано случајно во рамките на семејството лицето кое има прв следен роденден.

Маргина на грешка е ± 3.1 проценти.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top