-Предвидуваме низа проекти за поддршка на невработените лица за поддршка за отворање на свој бизнис. Порекот во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Реално, „Од идеја до бизнис“ предвидува грант од 4.000 евра – рече лидерот на партијата и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во Гевгелија.
Предвидена и програма за самовработување со кредитирање, грант за рурален туризам програма за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места.
-Самовработување со кредитирање на вршители на земјоделска дејност и услужни дејности и самовработување на лица што продаваат на пазар. Се предвидува да продолжи во овие 4 години проектот кој неодамна започна наречен „Купи куќа за млади“. Откако овој проект започна и 100-та фамилии го искористија со новата програма воведуваме нов проект наречен „Купи куќа за над 36 години“ и за тие луѓе со пониски приходи да можат да купат дом со поддршка на државата – рече Груевски.
Во проектот се предвидува во период од 10 години да има субвенција на ратите и тоа 65% во првите 7 години и 35% во наредните 3 години.
-Додека тие манипулираат и прават хаос, ние мислиме дебатираме како да најдеме начин да им помогнеме на луѓето да направат куќа, да дојдат до вработување да имаат подобар живот да им ги решиме проблемите, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски