| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бевме и ќе останеме влада која ќе биде посветена на економијата

ekonomija

-Во сите 10 години имавме економска Влада, која беше посветена на економија, влада во која членуваа економисти, која што во најголем дел реформи беа на подобрување на економски живот, посветена на отворање на нови работни места. Повикав и луѓе од дијаспора да помогнат како министри за инвестиции кои ќе работат на провлекување на странски инвеститори, работевме посветено и одговорно за Македонија да ја направиме атрактивна за бизнис на 10-то место во светот, на 5-то во Европа. Пред нас во Европа се само Данска и Велика Британија и Норвешка. Сите останати се зад нас, наместо тоа да се поттикне и да се дадат идеи за подобро да биде во иднина, наместо опозиција која ќе ни конкурира за повеќе инвеститори, добивме опозиција кои се стави на располагање на други сили- порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во Гевгелија.

Остануваме Влада која ќе биде посветена на економијата, додаде и потсети дека и во време кога беше светската и економската криза, за македонските компании да преживаат со ниска камата обезбедивме кредитни линии по 5,5% и ги премостивме најтешките денови за економијата.

-Невработеноста беше 38, ,7%, највисока во Европа. Ја спуштивме на 24%  што е континуиран надолен тренд и секој нареден квартал ика намалување на невработеноста- потсети Груевски.

-Изградивме и реконструиравме над 510 км регионални патишта и над 750 км локални патитишта, се набавија нови вагони, се набавија нови вагони, патнички и товарни а со новата програма ќе се набават и дополнително патнички возови. До сега се вложија 40 милиони евра за оваа намена. Континуирано ги зголемувавме пензиите па успеавме просечната пензија да ја зголемиме за 70%, најниската пензија за 90% а сега меѓу 1-5 декември новата пензија ќе биде за уште 5% поголема- рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top