Вистинска драма се случувала во просториите на Советот на општината Рокдејл во Сиднеј откако била повикана полицијата од советникот Мајкл Наѓ кој обвинил дека двајца од членовите на семејството на Бил Саравиновски добил смртни закани.
Драмата почнала по формалниот одговор на поранешниот градоначалник Саравиновски пред советниците по написите во весниците на Ферфекс мидиа(Fairfax Меdia). Овие медиуми веќе подолго време го испитуваат случајот за наводната злоупотреба на функцијата градоначалник на Бил Саравиновски и неговата поврзаност со една агенција за недвижности и одлуката на совето за изградба на една зграда.
Саравиновски изјавил дека како градоначалник не сторил ништо погрешно и дека ќе ги тужи медиумите кои така пишувале за него поради невистините и нарушениот углед негов и на неговото семејство.
На неговиот говор во Советот аплаудирале само неговиот брат Луи и таткото Крсте, кои потоа излегле од салата на состанокот. Излегол и советникот Наѓ кој потоа тврдеше дека токму Луи и Крсте смртно му се заканиле и дека тој бил приморан да ја повика полицијата.
Саравиновски го напуштија состанокот, но Наѓ и официјално побарал да биде спроведен под полициска придружба до неговиот дом. Полицијата потврдува дека добиле пријава од Наѓ за наводни смртни закани по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



