| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец ѝ се заканувал на полицајка

СВР Битола поднесе кривична пријава за З.Х. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

На 1 ноември годинава, околу 17.20 часот во Битола, на крстосницата од ул. „Столарска“ и бул. „1 Мај“, пријавениот на полициска службеничка од ПС за БПС, која во тој момент извршувала работни задачи од областа на безбедноста во сообраќајот, ѝ упатил сериозна закана по животот, што предизвикало страв и  несигурност кај полицискиот службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top