Англискиот фудбал повторно го тресе педофилскискандал. Се јавија уште двајца фудбалери кои тврдат дека како деца сексуално ги малтретирал тренер.
Откако ги објавија своите приказни Енди Вудворд и Стив Валтер, се јавија и Пол Стујард и Девид Вајт. Сите потврдија дека ги злоупотребувал осуденуит педофил Бери Бенел, некогашен тренер на деца во повеќе клубови. И додека Вајт, некогашен играч на Манчестер Сити, се јави со кратко соопштение, Стујард ја раскажа својата траорна прикзана за Дејли меил.
Wish my former Spurs teammate, Paul Stewart all the very best. Extremely courageous in telling his appalling story. pic.twitter.com/8Es7HaROzp
— Gary Lineker (@GaryLineker) November 23, 2016
Се закануваше дека ќе ми ги бие родителите
Поранешниот врзен игран на Тотенхем, Сити и Ливерпул и англиски репрезентативец бил силуван од 11 до 15 години. Раскажал дека сѐ започнало кога Бенел се спријателил со неговите родители и им ветил дека од нивниот син ќе направи ѕвезда.
-Еден ден кога се возевме во кола, почна да ме допира. Бев преплашен, не знаев што ми прави. Се обидов да им кажам на родителите, но имав само 11 години. Сето то прерасна во сексуална злоупотреба, велеше дека ќе ја убие мајка ми, татко ми, браќата, ако кажам барем еден збор. А кога имате 11 години, верувате во тоа, раскажува 52-годипниот Стујард.
Проблеми со алкохол и дрога
Тренерот им кажувал на родителите дека нивниот син мора дополнително да работи на одредени сегменти за да го извади од дома и да го силува.
-Менталните лузни ме одведоа во проблеми со алкохолот и дрогата. Земав кокаин за да престанам да размислувам за самоубиство и мна болката што ми ја нанесе силувањето, додава Стујард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.