| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет дена лаги, оцрнувања и лажни ветувања

Дел од пар­ти­и­те не че­каа ни­ту еден ден, ни­ту еден час за да поч­нат со сво­и­те оцр­ну­ва­ња на по­ли­тич­ки­от про­тив­ник и со ве­ту­ва­ња кои на нај­го­лем дел од гра­ѓа­ни­те им е јас­но де­ка се не­ре­ал­ни, но, се­пак, тоа не е преч­ка тие да се „га­ран­ти­ра­ат“. Иа­ко гра­ѓа­ни­те во текoт на го­ди­ни­те пре­пол­ни со ла­ги и со ве­ту­ва­ња ве­ќе на­у­чи­ле да не ве­ру­ва­ат ни­ко­му, освен ако са­ми­те не се уве­ри­ле во ви­сти­ни­то­ста на ве­ту­ва­ња­та, дел од по­ли­тич­ка­та ели­та мис­ли де­ка сѐ уште мо­же да го ла­же на­ро­дот

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ко­га из­бо­ри­те ги на­ре­ку­ва­те нов ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност, ко­га по­бе­да­та ја по­вр­зу­ва­те со оп­ста­но­кот на Ма­ке­до­ни­ја, ко­га по­ра­зот го тре­ти­ра­те ка­ко ка­та­стро­фа за си­те гра­ѓа­ни, а не са­мо за по­ли­тич­ка­та пар­ти­ја што ја прет­ста­ву­ва­те, не­што се­ри­оз­но не е во ред. Точ­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја е во те­шка по­ли­тич­ка кри­за и де­ка од овие из­бо­ри за­ви­сат мно­гу ра­бо­ти во вр­ска со ма­ке­дон­ска­та ид­ни­на, но, се­ка­ко, тоа не е до­вол­на при­чи­на од са­ми­от старт на кам­па­ња­та без­оч­но да се ла­же, да се да­ва­ат лаж­ни не­ос­твар­ли­ви ве­ту­ва­ња и да се ме­ну­ва ре­ал­но­ста по сопс­тве­но мис­ле­ње за­тоа што ве по­не­ла ат­мо­сфе­ра­та на пар­ти­ски­от ми­тинг. Осо­бе­но ако ве­ќе ва­жи­те за го­лем лаж­го.

 

Двој­но­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот За­ев

Без­дру­го, ова ва­жи за си­те пар­тии и по­ли­ти­ча­ри, но не­ка­ко нај­ек­ла­тан­тен при­мер за ва­кво по­ве­де­ние е ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, кој, освен што са­ми­от по кој знае кој пат се де­ман­ти­ра­ше, во пр­ви­те два де­на од кам­па­ња­та иска­жа уште де­се­ти­ци дру­ги не­ло­гич­ни, не­кон­зи­стент­ни и ап­сурд­ни твр­де­ња кои не са­мо што мо­жат да се де­фи­ни­ра­ат ка­ко цр­на кам­па­ња, ту­ку и ка­ко обич­на без­вред­на ла­га што не ја зас­лу­жи­ле гла­са­чи­те и сим­па­ти­зе­ри­те на не­го­ва­та пар­ти­ја. Де­се­ти­на де­на отка­ко во еми­си­ја на ТВ „21“, за­пра­шан да­ли ќе го ме­ну­ва Уста­вот за да мо­жат Ал­бан­ци­те да до­би­јат дво­ја­зич­ност, ре­че де­ка тоа не се иск­лу­чу­ва и де­ка тоа „ќе се слу­чи ко­га ќе дој­де праг­ма­тич­на­та по­тре­ба“, тој на ми­тин­гот во оп­шти­на Ае­ро­дром из­ја­ви де­ка „не­ма да доз­во­ли ни­кој да го ме­ну­ва Уста­вот за­тоа што тој е га­рант на мул­ти­ја­зич­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја“. За­ев не­ги­ра де­ка са­ка фе­де­ра­ли­за­ци­ја, но не не­ги­ра де­ка пла­ни­ра да во­ве­де дво­ја­зич­ност, не­што што прет­ход­но го сто­ри прес-служ­ба­та на не­го­ва­та пар­ти­ја ко­ја по кој знае кој пат твр­де­ше де­ка пар­ти­ски­от ли­дер не бил до­бро сфа­тен.

 

Цр­на кам­па­ња од прв ден

Иа­ко ко­де­ксот за фер из­бо­ри пред­ви­ду­ва кам­па­ња­та да ми­не во фер и ко­рект­на би­тка во ко­ја ар­гу­мен­ти­те и про­е­кти­те ќе би­дат при­о­ри­тет, за За­ев, очиг­лед­но, не е преч­ка сво­и­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци да ги на­ре­ку­ва бан­дит­ска – кри­ми­нал­на – ма­фи­ја­шка власт. И тоа го пра­ви од по­зи­ци­ја на чо­век што во мо­мен­тот се со­о­чу­ва со две кри­вич­ни при­ја­ви за по­ткуп и со слу­ча­јот „Пуч“, а прет­ход­но бе­ше по­ми­лу­ван од Бран­ко Цр­вен­ков­ски за кри­ми­нал те­жок 8 ми­ли­о­ни евра во слу­ча­јот „Гло­бал“. Иа­ко За­ев, по­у­чен од сво­и­те прет­ход­ни га­фо­ви, се оби­ду­ва да не ги спом­не чле­но­ви­те и гла­са­чи­те на ВМРО–ДПМНЕ, тој со сво­и­те по­ра­ки ин­ди­рект­но ири­ти­ра 160 ил­ја­ди чле­но­ви на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја и око­лу по­ло­ви­на ми­ли­он лу­ѓе што гла­са­ат за неа на пос­лед­ни­те из­бо­ри и со тоа не мо­же да се на­де­ва на по­мош од нив. Сво­јот гла­вен по­ли­тич­ки ри­вал Ни­ко­ла Гру­ев­ски, за ко­го ве­ли де­ка из­бе­гал од еди­ни­ца­та за да се со­о­чат во из­бор­на­та еди­ни­ца 4, го спо­ре­ди со на­ци­стич­ки­от ли­дер Адолф Хит­лер на­ре­ку­вај­ќи го фи­рер, што не е спро­тив­но са­мо на из­бор­ни­от ко­декс ту­ку и на го­лем број за­ко­ни во Европ­ска­та уни­ја. До­пол­ни­тел­но За­ев, кој со До­го­во­рот од Пр­жи­но се об­вр­за да не ги об­ја­ву­ва и да не ги ко­ри­сти ин­фор­ма­ци­и­те од прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, на пр­ви­от ден од кам­па­ња­та се за­ка­ни де­ка са­ка да го пра­ша Гру­ев­ски за те­ми по­вр­за­ни со бом­би­те, што е да­ле­ку од ду­хот на до­го­во­рот пот­пи­шан со по­мош на ЕУ и на САД.

kol221-2-2

Со СДСМ ќе би­де рај

Кол­ку не­се­ри­оз­но изг­ле­да За­ев на ми­тин­зи­те нај­до­бро се гле­да од не­го­ви­те кри­ти­ки за Вла­да­та и про­ек­ци­и­те за че­ко­ри­те на СДСМ ако дој­де на власт. Ли­де­рот на СДСМ од ед­на стра­на го об­ви­ни Гру­ев­ски де­ка ла­же ко­га нај­а­ву­ва 14 ил­ја­ди ми­ни­мал­на пла­та до 2020 го­ди­на и вед­наш по­тоа, без око да му треп­не, об­ја­ву­ва де­ка СДСМ ќе ја зго­ле­ми ми­ни­мал­на­та пла­та на 16 ил­ја­ди де­на­ри. Во вре­ме ко­га, спо­ред ли­де­рот на СДСМ, еко­но­ми­ја­та про­па­ѓа, про­сеч­на­та пла­та ќе скок­не­ла за 40 про­цен­ти.

Да не би­де ла­га­та ма­ла до­пол­ни­тел­но ве­ти 500 евра про­сеч­на пла­та, што е ре­ал­но кол­ку што бе­ше ре­ал­но ве­ту­ва­ње­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски кој на не­кои од прет­ход­ни­те из­бо­ри ве­ти де­ка од се­кое ма­ке­дон­ско се­мејс­тво ќе би­де вра­бо­тен по еден член. До­де­ка кри­ти­ку­ва де­ка бу­џе­тот е во ха­ос и де­ка др­жа­ва­та се за­дол­жу­ва, тој про­дол­жу­ва да ве­ту­ва уште, па та­ка биз­нис­ме­ни­те „до­би­ја“ 140 ми­ли­о­ни евра и ред дру­ги ра­бо­ти за кои не ка­жа ка­ко ќе би­дат по­кри­е­ни. Нај­не­јас­но од си­те ве­ту­ва­ња да­де­ни во пр­ви­те де­но­ви на кам­па­ња­та е она за бесп­лат­но бол­нич­ко ле­ку­ва­ње за си­те.

(Текст објавен во 221. број на неделникот Република, 25.11.2016)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top