Поради големото интересирање од страна на публиката, Македонската филхармонија ќе го репризира атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“. Концертот ќе се одржи на 26 ноември (сабота), во Домот на АРМ, во 12 часот.
Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе популарните музички теми од култните филмови: „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Е.Т.“, „Индијана Џонс“, „Џемс Бонд“… И овој пат аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски, известија од Македонската филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.