| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган се закани: Слушнете ме, ако и натаму продолжите вака, границите за мигрантите ќе бидат отворени!

Турскиот претсдетаел Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ, како одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата.

– Слушнете ме. Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на памет, изјави Ердоган во обраќање на Конференција за правата на жените што се одржува во Истанбул.

Тој нагласи дека ниту тој, а ниту неговиот народ не се плашат од „празните закани“.

– Нема да има влијание дури и ако сите ја одобрите резолуцијата на Европскиот парламенет, им порача Ердоган на европските партнери, обвинувајќи ја при тоа ЕУ дека продолжува да води антитурска политика.

Тој потенцира дека во моментов Турција се грижи за три до 3,5 милиони сириски бегалци, додека ЕУ не се ни обидува да ги исполни ветувањата кои ги дала со договорот за запирање на мигрантскиот бран кон Европа.

Европарламентот вчера усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ „да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори“ со Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top