Непознат човек со нож ранил најмалку шест деца пред едно основно училиште во северозападиот дел од Кина, објавија кинеските медиуми.
Централната кинеска телевизија ЦЦТВ на „Твитер“ наведе дека напаѓачот е на возраст од околу 50 години и дека ранил шест деца, но не даде повеќе детали за инцидентот.
Сликите што телевизијата ги објави на „Твитер“ покажуваат како возилата на Брзата помош ги префрлаат децата в болница.
Агенцијата Ксинхуа соопшти дека нападот се случил во градот Ханзонг, во покраината Шанси.
Претходните неколку години во Кина имаше неколку вакви напади врз деца, извршени со нож или секира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.