| четврток, 6 декември 2018 |

„Киро Дандаро“ ќе ги печати изборниот материјал и Избирачкиот список

Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола ќе го изработи и печати доверливиот изборен материјал и ќе го испечати Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Оваа одлука на синоќешната седница ја донесе Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК решавале меѓу понудите на „Киро Дандаро“ и на печатницата „Европа“.

Печатницата „Киро Дандаро“ го печатеше изборниот материјал и во претходни изборни циклуси.

Државната изборна комисија (ДИК) на синоќешната седница одлучуваше и за акредитирање на набљудувачите на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top