| четврток, 6 декември 2018 |

Рада и Харис очајни: Им забрануваат да живеат заедно

Популарниот пејачки пар, Рада Манојлович и Харис Берковиќ одлучија да започнат заеднички живот, но тоа на сите начини пробува да го уништи Мирсад Брековиќ, таткото на Харис.

Мирад не му дозволува на својот син да се пресели во Белград кај Рада.

– Харис му соопштил на татко му дека со Рада решил да почне зеднички живот и одма настанал хаос. Мирсад му рекол дека нема негов благослов и дека е млад за така сериозен чекор. Се карале долго време, Мирсад не попуштал, а Харис веќе не знае што да направи. Харис не сака да се замерува со своите, но не сака ни да ја изгуби својата љубов –  раскажува извор за српски „Курир“.

Тој дури и предложил на Рада да живеат во Босна, но тоа на пејачката не и паѓа на памет.

– Младиот пар успева да одолее на притисоците од страна на семејството на Харис, но не знам уште колку ќе издржат – завршува изворот.

Мирсад Берковиќ пред еден и пол месец изјави дека нема ништо против врската на синот со постарата колешка, но тоа изгледа се променило.

– Немам ништо против нивната врска. Млади се, којзнае што уште ќе биде. Јас им посакувам се најдобро – изјави тогаш Мирсад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top