Ќе зборувам и денес за покажувањето на платите, пензиите, социјалната помош, за мерките во земјоделието здравството, за патиштата и сообраќајниците за проектите кои го прават животот подобар кој го прават животот поквалитетен. Не смееме да наседнеме на неговата реторика, на неговите навреди, на неговиот долен стил, на неговиот обид да не дефокусира од она во што ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија се најсилни, а најсилни сме во решавање на проблемите на овој народ, на овие граѓани, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во општина Аеродром.
Груевски посочи дека во нивната програма има многу проекти, многу дела, многу мерки, многу чекори, за решавање на проблемите на граѓаните.
– Како што тоа го правевме и досега, како што направивме многу работи во оваа држава, како што донесовме 2 милијарди и 600 милиони евра странски директни инвестиции во Македонија, како што капиталните инвестиции пораснаа на 32 посто минатата година, а беа многу мали во минатото кога СДСМ беше на власт. Како што ветивме, обезбедивме поволни финансиски средства за македонските компании во сред глобална и европска криза. Го укинавме данокот на добивка за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари, значително ја подобривме бизнис климата. Дојдовме од 94 место во светот на 10 во светот и 5 во Европа според добрите услови за правење бизнис. Тие не сакаат за ова да говориме. Сакаат да се навредуваме, да се закрвуваме, да го спуштиме нивото, и да збориме гола реторика, голи фрази кои ништо не значат, кои немаат ништо конкретно во нив. Не сакаат народот да се потсети дека најдобриот резултат во извозот на РМ од осамостојувањето досега беше минатата година кога достигна 4 милијарди и 50 милиони евра. А, оваа година сме на добар пат, да постигнеме нов рекорд во извозот од Република Македонија кон странство. Не сакаат да се потсетиме дека наследивме држава со 38, 7 отсто невработеност, највисока во Европа, ја дотеравме до 24 посто, и покрај големите европски и светски кризи и покрај политичката криза во Македонија. И продолжуваме да ја намалуваме. Отворивме 160 илјади нови работни места. Бегаат од таа тема. Затоа што во нивно време се затвораа работни места и растеше невработеноста, рече Груевски.
Тој нагласи дека само во овие две и пол години, откако Заев ја отвори кризата, вработени се нови 39 илјади односно 39 илјади новоотворени работни места.
-Само во овие две и пол години, од оние 160 илјади, 39 илјади се во овие две и пол години кога Заев правеше се, да ја разнебити Македонија. Ја зголемивме просечната плата во Македонија и таа сега изнесува 22.715 денари, зголемена е за 67 посто, од времето кога дојдовме во Владата, кога беше околу 13 илјади денари, сега е без малку 23 илјади денари просечната плата. Ги зголемивме пензиите. Просечната пензија, ја зголемивме за 70 проценти, најниската пензија ја зголемивме за 90 проценти. Бега Заев од тие муабети. Бега од тој дијалог и не сака за тоа да се говори во јавноста Сака да се зборува за празни теми, за голи реторики дека ние сме ја упропастиле државата, а тој ќе ја оправел. Такви голи фрази, како ќе ја оправи, не знаеме. Бега и од тоа дека социјалната помош во Македонија ја зголемивме за околу 70 проценти успеавме да изградиме или доградиме 74 нови, комплетно да реконструираме 400 основни и средни училишта за што инвестиравме 50 милиони евра, истакна Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер