| четврток, 6 декември 2018 |

Стравуваат од цунами: Земјотрес од 7,2 степени ја погоди Централна Америка

Земјотрес со интензитет од 7,2 степена според Рихтеровата скала денеска ги погоди Никарагва и Ел Салвадор. Властите во Салвадор предупредија од појава на цунами.

Епицентаор на земјотресот регистриран е на околу 100 километри од брегот на Ел Салвадор на длабочина од 32 километри во Пацифички Океан.

Земјотресот е почувствуван во главниот град на Никарагва, Манагва, како и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Владата на Ел Салвадор соопшти дека постои опасност од цунами. Разурнувачки бранови се можни во реонот од 300 километри од епицентарот в долж брегот на Централна Америка.

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега прогласи вонредна состојба во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top