Според податоците од полицијата, во 18 часот и 35 минути било пријавено дека во Бит-пазар, од страна на 10 до 15 непознати лица, ученици во Средното училиште „Владо Тасевски“, се симнале од автобус број 50 и нападнале двајца седумнаесетгодишни ученици од истото училиште.
Од страна на лекар кај двајцата малолетници биле констатирани телесни повреди. Едниот од нив ќе биде задржан на натамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.