Изградба на голем спортски центар во кој ќе има сала со шест илјади седишта, затворен пливачки базен, сала за боречки вештини и современа гимнастичка сала, им вети денеска на битолчани Антонио Милошоски носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 5.
– Овој нов спортски центар ќе биде еден од најдобрите во југозападна Македонија и достоен за големината на Битола и за спортот кој што тука секогаш имал корен, рече Милошоски по отворањето на регионалниот изборен штаб во Битола.
Тој најави и обнова на планинарскиот дом Копанки, а како капитален проект и изградба на магистрален гасовод, кој што од Неготино ќе доаѓа до Битола, од Битола до Ресен и од Ресен до Охрид-Струга.
Во изборната платформа се предидени и експресен пат од Битола до Меџитлија и до индустиската зона Жабени, како и обнова на железничкото поврзување од Битола кон Грција, а со тоа и кон Солун.
– Се на се за градот Битола имаме проекти кои се дел од реалната програма на ВМРО ДПМНЕ, не ветуваме брда и долини, но тоа што ќе го запишеме во програмата сакаме да го оствариме бидејќи овие избори не се ни први ни последни, многу ни важи зборот, угледот, довербата на луѓето, а досега истата сме ја оправдувале и ќе продолжиме во иднина да работиме така, истакна Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.