| четврток, 6 декември 2018 |

Од понеделник заладување и засилен ветер

ladno

Во понеделник Македонија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови појава на засилен северен ветер и значителен пад на температурата.

Како што најави УХМР, врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можен е снег и во пониските делови. Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Деновиве, од петок попладне и за време на викендот, се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top