| четврток, 6 декември 2018 |

Maлолетник претепан на „Рекорд“, откако по грешка се удрил во човек

Вчеравечер околу 20,30 часот во Скопје на ул.„Димитрија Чуповски“, поточно на автобуска постојка (Рекорд) од страна на неколку непознати лица извршено било насилство над 14-годишен малолетник од Скопје.

Додека малолетникот со негов другар ја поминувале улицата пред автобуската постојка, на разминување несакајќи со рака допрел едно од лицата, по што физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето.

На малолетникот му била укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top