| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал ќе го нагости ПСЖ, Барселона гостува на островото

pehar liga na sampioni

Во Лигата на шампионите денеска ќе се игра втората половина од натпреварите од 5.коло (претпоседно) во групната фаза.
Дерби на вечерта е дуелот во Лондон, каде Арсенал го пречекува францускиот шампион ПСЖ, во дуел за првото место во А групата. Инаку двата тима веќе имаат обезбедено пласман во осминафиналето, во кое сигурен патник од Ц групата е Барселона, додека од Д групата двете места веќе ги резервираа Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.

Најголемата неизвесност е во групата Б во која три тима се со само еден бод разлика во трката за првите две позиции

Двојки за денешните натпревари во ЛШ и табели:

Група А:

Лудогорец – Базел и Арсенал – Париз Сен Жермен (20:45 часот).
Табела: Арсенал 10 бодови, ПСЖ 10, Базел 1, Лудогорец 1.

Група Б:

Бешикташ – Бенфика (од 18:45 часот) и Наполи – Динамо Киев (20:45 часот)
Табела: Бенфика 7, Наполи 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1.

Група Ц:

Селтик– Барселона и Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити (20:45 часот).
Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 7, Борусија М. 4, Селтик 2.

Група Д:

Ростов – Баерн Минхен (од 18 часот) и Атлетико Мадрид – ПСВ Ајндховен (20:45 часот).
Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, Ростов 1 , ПСВ Ајндховен 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top