| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогба се прости од публиката во Монтреал

didie-drogba

Дидие Дрогба по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од Канада, откако по првиот полуфинален дуел против Торонто објави дека нема да го продолжи договорот со тимот на Монтреал импакт. Иако Монтреал е најпријатното изненадување сезонава во МЛС-лигата, Дрогба реши да си замине на крајот од годинава.

– Ова беше мојот последен натпревар во Монтреал. Благодарен сум им на фановите за поддршката што ми ја даваа во изминатиот период – истакна Дрогба, не откривајќи кој ќе биде следниот чекор во неговата кариера.

Монтреал славеше со 3-2 над Торонто во првиот полуфинален натпревар од МЛС-лигата и доколку успее да ја одбрани оваа предност ќе игра во големото финале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top