Го слушам Зоран Заев како низ призма на години ги опишува животите на лицата кои поминале низ времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните. Епа добро е да потсетиме како тоа изгледа низ призма на еден подолг период. Лицето кое имаше 30 години во 2006та година и кое во својот живот растеше во болна транзиција, со родители кои не работат бидејќи беа отпуштени од украдените фабрики од СДСМ, со дедо и баба од кои беа украдени пензиите, лице кое завршило средно образование кое плаќа и факултет без шанса да го заврши бидејќи постоеа енормно високи цени, здравство за кој карактеристика беше белата мафија, денес тој човек од 2006-та има дете кое може да има работи кои никогаш тој ги немал во минатото, бесплатно средно образование, шанса за факултет кој е по намалени цени и бесплатно здравство, баба и дедо со зголемени редовни пензии за над 70 осто. Тоа е промената која ја чувствува народот. Поради тоа и ни ја дава довербата, рече Груевски.
Ние ветуваме работи за кој сме сигурни дека ќе ги реализираме, порача лидерот на ВМРО ДОМНЕ, Никола Груевски од Струга.
Програмата Реално е на народот и преставува одговор на сите нивни потреби и барања. Со неа ќе обезбедиме економски раст, напредок и нови инвестиции.
–Предвидуваме растот на БДП да се движи меѓу 3,0% и 4,5%. Со несмалено темпо ќе работиме на реализација на нови гринфилд-инвестиции, ќе продолжиме со реализирање нови мерки за вклучување на поголем број домашни македонски компании во ланецот на доставувачи на мултинационалните компании. Продолжуваме со оданочувањето од нула отсто на реинвестираната добивка и со политиката на ниските даноци. Македонија има најниски даноци во светот. Бизнис инсајдер по податоци на ММФ и СБ објави ранг иста, каде Македонија е број 1 со најниски даноци во светот, по нас се земји како Катар, Емирати. Број 1 во светот по најниски даноци е Македонија, рече Груевски.
Ќе продолжуваме, додаде тој со таа политика бидејќи дава резултати.
Ќе ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 18 отсто, и ќе се креираат околу 70.000 нови работни места. Предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и зголемување на пензиите за 10,25 отсто. Предвидуваме зголемување на социјалната помош за 50 отсто. Во наредните четири години ќе го продолжиме трендот на усогласување и зголемување на платите за преку 3.500 вработени во детските градинки. Ќе отвориме и 140 детски градинки.
Веќе стотина семејства ја искористија можноста и ја искористија поддршката, каде државата покрива 80% од ратата со камата во 8 години и 50% следни 3 години.
-Воведуваме нов проект за купување и изградба на куќи за лицата над 36 години, со кој се предвидува 10 годишно субвенционирање на ратите од кредитот или 100 отсто субвенционирање на учеството за кредитот за таа намена, рече Груевски на митингот во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски