| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: До 2020 планирано е невработеноста да се намали на околу 18%

Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 500 страници, со детални пресметки и рокови, предвидува отворање на нови 70.000 работни места за 4 години, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ресен.

До 2020 година, додава, планирано е невработеноста да се намали на околу 17-18%.

-Во новата програма предвидено е постепено зголемување на минималната плата, која ние ја воведовме. СДСМ не ја воведе иако синдикатите тоа го бараа од неа. Предвидено е постепено зголемување до 2020 година, минималната плата да се зголеми на 14.000 денари, додека пак за кожарската и текстилната индустрија на 13.500, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top