Французин добил во наследство куќа во Нормандија. За среќата да биде поголема во неа нашол 100 килограми злато, вредно 3,5 милиони евра.
Во куќата имало околу 5.000 златници, две прачки од 12 и 17 килограми и 37 прачки од по еден килограм.
Златото било скриено на различни места во куќата, под или зад мебелот, во плакарите под облеката, во амбалажа од алкохолни пијалаци и во други кутии.
Наследникот на куќата го нашол златото кога решил да исфрли дел од мебелот и да донесе нов.
Локалните медиуми пренесуваат дека данокот за такво откритие е 45 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


