Се навршуваат 53 години од убиството на 35-тиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џон Фицџералд Кенеди. Убиството е една од најголемите нерешни мистерии на 20-тиот век.
Во својот мандат кој не успеа да го одработи ниту до пола, Кенеди направи за САД и светот работи кои ретко кој после него успеа да ги засени. Член на Демократите на САД, во времиња кога геополитиката и самата идеологија на партијата беше далеку од она денес. Кубанската криза, Заливот на Свињите, Берлинскиот Ѕид и многу други настани кои го сменија текот на историјата на целата планета произлегоа за време на неговото владеење.
Како лидер и политичар, за него има многу да се зборува, за многумина ќе остане познат како „последниот добар“ претседател на Америка. Но она што неговот име ќе го остави трајно или барем уште некое време врежано во меморијата на светот е крајот на неговиот живот. Убиен, под неразјаснети околности, сплеткан во многу теории на заговор и отстранет, како и целото негово семејство од политичкиот живот на САД за сите времиња.
Настрана од внатрешните несогласувања во естаблишментот на САД во тоа време, во светот Кенеди уживаше огромна почит и симпатии, дури и кај најлутите ривали Советите. Првиот политичар кој својата популарност ја достигна преку телевизијата, навестувајќи го она што се случува денес. Вистинска ТВ-ѕвезда на времето, чиј настап во живо пред американскиот аудиториум на дебатата против својот противник во изборната кампања, му го донесе претседателското место. Спретен пред камерата, елоквентен, помалку контроверзен, секогаш перфектно дотеран, ги освои срцата на гласачите во Америка. Можеби звучи познато…
Официјалната сторија за неговото убиство е дека извршителот на чинот е извесен Ли Харви Освалд, кој стрелал во него од ловџиска пушка од прозорот на околната библиотека на Дили Плаза плоштадот во Далас, Тексас. Со годините ваквата приказна се покажа како невешто напакувана приказна од страна на медиумите кои очигледно имаа намера во тоа време да презентираат една поинаква реалност. Зад мотивите за евентуалното убиство има многу шпекулации, но едно е сигурно, во време кога САД беа на самиот врв на својата моќ, невозможно е некој однадвор да изврши таков акт, без преседан, врз самиот врв на власта. Ли Харви Освалд, беше прогласен за комунист, но не дочека ниту да му судат, бидејќи и самиот беше ликвидиран и тоа пред лицето на јавноста во холот на Судот во Далас. Настаните по смртта на Кенеди, дополнително додаваат масло на оганот кој се создаде во јавноста далечната 63-та, отворајќи простор за теориите на заговор чие ехо се слуша и денес.
Една од најскокотливите приказни врзани со заговор е онаа поврзана со американската вселенска програма и познатата Ареа 51. Имено, Кенеди е човекот кој ѝ соопштува на американската јавност дека ќе започне мисија за освојување на вселената, односно слетување на Месечината, во познатиот говор и реченицата која многумина ја паметат:
-„Решивме да одиме на Месечината, не поради тоа што е лесно, туку поради тоа што е тешко.“Зад оваа реченица се криеја многу други информации кои тој сакал да ги објави бидејќи сметал дека американскиот народ има право да ги знае. Организаторите на овој перфектен-злочин, успејаа во намерата да го замолкнат креаторот на новото време и да го одржат информацискиот мрак во своја полза.
На кого толку му пречеше неговата харизма и успешност во водењето на државата, неговата мега-популарност дури и кај оние кои не се интересираат за политиката, за да се реши да го обезглави пред лицето на илјадниците поддржувачи и во рацете на својата жена Жаклин-Џеки Кенеди Оназис.
Денес е ново време, информациите се шират со неверојатна брзина, светот живее поинаку. Но „медиумската реалност“ во САД е и понатаму на сцена, луѓето се приморани да веруваат во она што ќе го чијат од „големиот звучник“, колку и „реалноста“ да е бизарна, бидејќи алтернатива не постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто бројот 137 е најмистериозен број во физиката?
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија