| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит дошол да ги види децата и излетал бесен од домот

Актерот Бред Пит се плаши дека неговата, наскоро поранешна сопруга Анџелина Џоли негативно влијае на децата. Наводно, од последната семејна средба излетал бесен од домот.

Телохранителот Крис Херцог, кој работи за двете семејства, како и за таткото на Џоли, Џон Вајт, вели дека двете посети на Бред под надзор на социјалните служби не поминале како што треба.

– Бред е бесен. Колку што чув од Џон децата се против него, наводно не сакаат да разговараат со него ниту пак да го викаат тато. Мислам дека разводот излегува од контрола – изјави тој.

Телохранителот додава дека Бред почнал да се гледа со една славна актерка. Иако не го открил нејзиниот идентитет, рекол дека е подеднакво славна како и Џоли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top