Турската влада го повлече предлог-законот според кој пресудата за сексуално злоупотребување деца би била поништена доколку тој што го извршил злоупотребувањето се ожени за малолетната жртва.
Како што изјави премиерот Бинали Јилдирим, законот за кој требаше да се гласа денеска е повлечен за дополнителни консултации.
Предлогот што, според критичарите ,требаше да го легитимира бракот со деца, наиде на жестоки проитивења и во земјата и надвор. На протестите се носеа и плакати на кои пишуваше: „Силувањето е злосторство против човештвото“ и „АКП тргни ги рацете од нашите деца“.
Предлогот на исламско-конзервативната партија АКП предвидуваше казната да може да се укине доколку сторителот на кривичното дело стапи во брак со жртвата, доколку сексуалното злоупотребување се случило пред 16 ноември годинава и доколку при сексуално злоупотребување не било употребено насилство.
Околу 730.000 луѓе потпишаа петиција на интернет против законот, а во текот на изминатиот викенд во Истанбул имаше и протести. Со законот ќе беа зафатени околу 3.000 лица. Во Турција се забранети бракови на лица помлади од 18 години, но може да се направи исклучок доколку за бракот издаде дозвола суд. Турската влада тврди дека со законот ќе се решат правните проблеми во случаите со детските бракови.
Според УНИЦЕФ, законот ќе овозможеше „еден вид амнестија за извршители на сексуални кривични дела“. Некои европски политичари побараа замрзнување на преговорите со Турција за приклучување во Унијата. Причина, меѓу другото, е и планираното повторно воведување на смртната казна во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Експлозија на гасовод во Истанбул