| четврток, 6 декември 2018 |

Идната принцеза на Велика Британија разголена во бикини!

megan
Најпрво „се шушкаше” дека тие двајца се во врска, а потоа стана и официјално, принцот Хари и актерката Меган Маркл се во врска.
megan2

Убавата и исклучително згодна Меган, токму поради врската со Британецот стана светска тема, а нејзините фотографии во бикини не се само обични фотографии.

megan3
Девојката на принцот Хари пред неколку месеци била на одмор во Италија, во Поситано, заедно со една своја пријателка. А со оглед на фактот дека папараците се постојано „зад нивниот грб”, овие кадри со сигурност некогаш и ќе биле „уловени” а потоа и очекувано, би испливале и во јавност.

megan4

Од згодната Меган во овој момент се очекува многу. Ако таа му стане сопруга на Хари, таа ќе ѝ стане најголема конкуренција на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

megan5

А ако таа не го промени својот стил, којшто за кралскиот двор е помалку неодмерен и недозволиво сексапилен, таа ќе стане најпровокативна членка на британското кралско семејство.

megan6

Интересно би било во иднина да се следат и реакциите на британската кралица Елизабета Втора, којашто на Кејт Мидлтон тешко ѝ ги простува неодмерените изданија и притоа, помеѓу таквите неодмерени изданија е опфатено и здолништето со должина над колената.
megan7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top