Вчера во 19.30 часот во с.Таринци, штипско, во семејната куќа, додека С.А. (46) седела во својот дом со својата ќерка М.И., нејзиниот син Д.А. и нејзината свекрва М.А., во дворот дошле нејзиниот зет за ќерка А.И. и неговот брат М.И., двајцата од с.Радање, штипско, кои биле под дејство на алкохол, и веднаш физички го нападнале Д.А. удирајќи го со неколку тупаници во пределот на телото и главата.
Подоцна ја нападнале М.А., удирајки ја во пределот на главата, како и С.А., која била удрена со една тупаница во пределот на слепоочницата по што паднала на бетонот во дворот. Останатите лица кои дошле со А.И. и М.И. ги спречиле да го продолжат нападот.
Од ударите Д.А.и М.А. се здобиле со телесни повреди, а С.А. се здобила со тешка телесна повреда. На истите им била укажана лекарска помош во Клиничка Болница Штип.
СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.