Денеска е втор ден од предизборната кампања во Македонија. Политичките партии продолжуваат со својата агенда и со промоција на нивните програми.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинзи во Ресен и во Струга.
Синоќа коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Охрид, каде од владејачката партија ветија зголемување на стандардот на граѓаните.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вчерашниот голем митинг истакна и дека сценариото кое опозицијата две години го спроведува во државата е сценарио за редефинирање на државата и сценарио за воспоставување некоја нова држава која, како што рече, којзнае како ќе заврши на крај.
– Гласајте за реална програма која знаете дека ќе се реализира, а не за лаги кои ве потценуваат, подвлече Груевски и додаде дека овие избори се одлука за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По обраќањето на Столтенберг пратениците на ВМРО – ДПМНЕ го напуштија Собранието
-
Димовски: Ако договорот со Бугарија е добар и ако решава проблеми како што велат Заев и Димитров, нема зошто да го кријат
-
Следете во живо: Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ – „Единствени кои инвестираат за младите“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да сфати дека народот нема да дозволи продажба на националните интереси