Заев издаваше наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Издаваше наредби да се пука во македонскиот народ, народ кој си ги брани државните и националните интереси. За ова криминалецот Зоран Заев мора да одговара.
На 27-ми април СДСM ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници и надвор од сите процедури се обиде да си избере спикер на Тиранската платформа, посочуват од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС уште еднаш докажа дека не го интересира ниту народот, ниту државата. СДС за да дојде до власт не само што ја прифати Тиранската Платформа туку грубо го прекрши Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
На 27-ми април СДС ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници и надвор од сите процедури се обиде да си избере спикер на Тиранската платформа.
Криминалецот Зоран Заев издаваше наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Издаваше наредби да се пука во македонскиот народ, народ кој си ги брани државните и националните интереси. За ова криминалецот Зоран Заев мора да одговара.
Македонската јавност во последниот период е сведок како криминогениот СДС се обидува во најкраток можен рок да ја прошверцува Тиранската Платформа, не бирајќи начин и не размислувајќи на можните последици.
Криминогениот СДС изврши обид за државен удар, преку газење на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата со обидот нелегално да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија. СДС мора да одговара, бидејќи политичко насилство што го изврши резултираше и со физичко насилство.
Време е СДСM да се освести и да сфати дека народот нема по никоја цена да дозволи да се продадат државните и националните интереси. СДС треба да сфати дека народот си ја сака својата земја и нема да тргува со неа.
Тиранската платформа нема да помине.
Народот е на нозе!
Македонија се буди!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По обраќањето на Столтенберг пратениците на ВМРО – ДПМНЕ го напуштија Собранието
-
Димовски: Ако договорот со Бугарија е добар и ако решава проблеми како што велат Заев и Димитров, нема зошто да го кријат
-
Следете во живо: Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ – „Единствени кои инвестираат за младите“
-
Курц: Не зажалив што се појавив на митингот на ВМРО – ДПМНЕ