| четврток, 6 декември 2018 |

Европски амбасадори се вклучија во кампањата на СДСМ

Две години безусловна поддршка не беа доволни за меѓународниот фактор да осигура победа за Зоран Заев и неговите големоалбански идеи, па деновиве некои дипломатски претставници активно се вклучија во предизборната кампања на СДСМ во една изборна единица.

Исплашени од очигледната предност на ВМРО-ДПМНЕ на терен, што потврдуваат и анкетите, двајца европски амбасадори во земјава излегоа на терен со членовите и активистите на СДСМ за да им пружат поддршка.

Амбасадорите се вклучиле во битката на опозицијата за воведување на двојазичност, промена на Уставот и Охридскиот рамковен договор, кој според Заев е недоволен и треба да се прошири до недоглед.

Со ова тие ја прекршија Виенската конвенција за дипломатски односи, потпишана во 1961 година, во која се уредува опсегот на правата и одговорнст на дипломатските претставници, претставниците на меѓународни организации и фондации во странските земји каде што се акредитирани.

Стравот кај амбасадорите е голем, бидејќи знаат што чувствува народот и дека Заев и политиките кои тој ги промовира двојазичност – федерализација – отцепување, ќе бидат катастрофално поразени на претстојните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top